Манчестер Сити го совлада Брајтон со 3:0 и се врати на врвот на табелата во Премиерлигата. Гостите умешно се бранеа едно полувреме, но потоа „граѓаните“ додадоа гас и повторно имаа бод предност пред Ливерпул.
Ријад Махрез го отвори резултатот, Фил Фоден зголеми на 2:0, а убедливиот триумф го завери Бернардо Силва.