Top Sport

Асенсио ја одбил првата понуда на Милан

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио ја одби првата понуда на Милан. Не е тајна дека 26-годишниот фудбалер е голема желба на „росонерите“ во овогодинешниот преоден рок, но и тој не бил воодушевен од првата понуда на италијанскиот гигант, пишува „Central Defense“.

Асенсио не е особено задоволен од статусот на резерва во Реал и речиси е сигурно дека летово ќе побара да си замине од клубот. Тој има договор со Мадрид до летото 2023 година, а големи се шансите да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ со одредено обештетување.

За волја на вистината, Карло Анчелоти неодамна изјави дека смета на 26-годишниот играч од Мајорка и дека се надева дека тој ќе остане во клубот. Сепак, Асенсио се уште нема значајна улога во тимот, особено на важните натпревари.

Сезонава одигра 37 натпревари, постигна 11 гола и додаде една асистенција, но често е дел од клупата на почетокот од мечот.

Милан се обидува да ја искористи ситуацијата и да го убеди Асенсио да се пресели на „Сан Сиро“ ова лето. Росонерите го контактирале менаџерот на играчот и му упатиле првична понуда со годишна плата од 5.000.000 евра.

Сепак, фудбалерот не бил особено импресиониран од оваа понуда, иако таа е поголема од платата што моментално ја има во Реал Мадрид (4.500.000 евра). Имено, Асенсио се надева дека, доколку го промени клубот, ќе може да се избори за годишен приход од седум до осум милиони евра.

Scroll to Top