Top Sport

Саинс го продолжи договорот со Ферари

Ферари и Карлос Саинс ја продолжија соработката, Шпанецот ќе биде дел од италијанскиот тим до 2024 година.

Карлос Саинс дојде во Ферари во 2021 година од Мекларен и веднаш покажа дека ќе биде многу корисен за тимот од Маранело. Тој често беше подобар во својата прва сезона во Скудерија од колегата Шарл Леклер, имаше долга серија трки во кои завршуваше во поени, а 2022 започна уште подобро за него.

Малку разочара во Австралија, но беше одличен во Бахреин и Саудиска Арабија. Ферари затоа му понуди нов договор, па Карлос ќе остане во Италија до 2024 година.

„Многу сум среќен што потпишав договор со Ферари. Нема подобар тим во Формула 1 и тоа секогаш сум го кажувал. Уникатно и неспоредливо е кога ќе ја облечеш оваа униформа и кога го претставуваш овој тим. Мојата прва сезона беше солидна и конструктивна, напредувавме заедно. Резултатот е јасно видлив оваа сезона“, изјави Карлос Саинс.

Шпанецот е во Формула 1 од 2015 година кога возеше за Торо Росо, потоа беше во Рено во 2017 и 2018 година, по што следуваа две години во Мекларен. Во својата прва сезона во Ферари, тој заврши на петтото место во генералниот пласман.

Scroll to Top