Младиот репрезентативец на Франција, играчот на Олимпик Марсеј, Бубакар Камара, реши да ги смени националните бои. На Светското првенство во Катар, Камара ќе игра за Сенегал, земја од која потекнуваат неговите родители.
Камара има 22 години, тој е дефанзивен играч во редот за врска и според стручњаците еден е од најталентираните играчи во светот на оваа позиција.
Договорот на Камара истекува по завршувањето на сезоната и тој како слободен играч ќе го напушти „Велодром“.
Според „Трансфермарк“, вредноста на камар изнесува 25.000.000 евра.
Медиумите во Англија шпекулираат дека тој ќе ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, додека дел од француските медиуми, пред две недели објавија дека тој постигнал договор со Атлетико Мадрид.