Top Sport

Динамо го отпушти тренерот Копиќ

Жељко Копиќ (44) повеќе не е тренер на хрватскиот шампион Динамо. Клубот му врачи отказ по вчерашниот пораз од Хајдук (1:0) во Сплит. Копиќ го остава Динамо на првото место на табелата, со два бода повеќе од Осиек и четири од Хајдук. Динамо се огласи со кратко соопштение на официјалните канали.

„ГНК Динамо ја известува јавноста дека Жељко Копиќ повеќе не е тренер на првиот тим.Жељко Копиќ ја презеде клупата на првиот тим во декември 2021 година и го предводеше Динамо на вкупно 19 официјални и пет пријателски натпревари. На официјални натпревари.во ХНЛ и Лига Европа со сините забележа 13 победи, две нерешени и четири порази со гол разлика 27:10. Посебно ги истакнуваме фантастичните победи против Вест Хем Јунајтед и Севиља во Лига Европа“.

Копиќ го презеде Динамо на 2 декември. Дебитираше со пораз од Хајдук, клуб во кој исто така доби отказ во 2018 година. Со Динамо играше во осминафиналето на Лига Европа, во кое загуби од Севиља, а најистакната победа на клупата на сините ја имаше на Вест Хем во Лондон, со кој ја обезбеди пласман во нокау фазата.

Во својата кариера ги водеше и Лучко, Цибалија, НК Загреб, Славен Белупо и Пафос на Кипар. Во Динамо е од 27 април 2020 година. Потоа ја презеде функцијата прв човек на Академијата, а во декември минатата година на прв тренер го наследи Дамир Крзнар.

Scroll to Top