Манчестер Сити ги оправда очекувањата. Не дозволи никакво изненадување против Брајтон во натпреварот од 33. коло на Премиер лигата. „Граѓаните“, победија со 3:0 и се вратија на челната позиција на табелата во Премиер лигата.
До крајот на сезоната Сити и Ливерпул ќе водат жестока борба за титулата. Претендентите на тронот до крајот ќе одиграат по шест натпревари, Сити има бод повеќе од Ливерпул. Јасно е дека и најмалата грешка може да исфрли една од овие две екипи од трката.
„Ние не сме глупави. Ако ремизираме, ќе изгубиме два бода. Ливерпул е шампион. Ако ги добиеме сите натпревари, ние сме шампиони и играчите го знаат тоа“, изјави Пеп Гвардиола по победата над Брајтон.
„Знаеме колку се тешки натпреварите што ќе ги играме и мора да се обидеме да играме како денес и да ги добиеме сите натпревари до крајот на сезоната. Ако го направиме тоа, тогаш ќе ја славиме титулата, ако не, тогаш ќе му честитаме на Ливерпул“.