Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од актуелниот европски и светски шампион Норвешка со 18:24 во ЕХФ Еврокупот. Македонските ракометарки се држеше одлично до 45 минута, кога резултатот беше 16:17, но Норвежанките со серија од седум гола успеаја да стигнат до триумф. Сепак, ова е двомеч од кој може да се извлече големо искуство.
Најдобри стрелци во македонската репрезентација беа Саздовска со шест, како и Ристовска и Јанеска со по три гола, а голманката Мицевска собра 14 одбрани.
Кај Норвешка, Фауксе даде шест гола, додека Арнцен постигна пет погодоци.
Норвешка останува на првото место на табелата во ЕХФ Еврокупот со десет бода, а Македонија е последна без бодови.
Вториот натпревар овие две селекции ќе го одиграат в недела во 16 часот, во Норвешка.
Фото: Игор Паневски