Легендите на Арсенал, Тјери Анри и Денис Бергкамп вчера беа посебни гости на својот поранешен клуб, уживајќи на трибините при 3:1 победата над Манчестер јунајтед за да останат на добар пат кон пласман во Лигата на шампионите.
Дуелот веќе не носи на „тежина“ како во времето кога тие беа најсериозните кандидати да ја спречат доминацијата на Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон, откако двата клуба подолго време не се посериозни кандидати за шампионскиот трофеј.
The Arsenal. Today, tomorrow, forever. pic.twitter.com/VoMVmYhkLh
— Arsenal (@Arsenal) April 23, 2022