Top Sport

ВТА најавува „силна реакција“ по одлуката на Вимблдон за Русите и Белорусите

Претседателот на женската ВТА турнеј, Стив Сајмон прати предупредување до Британската тениска асоцијација (ЛТА) по нивната одлука да не дозволат настапи на руски и белоруски тенисери и тенисерки на британските турнири, вклучувајќи го и Вимблдон.

Ол Ингланд клубот, кој е организатор на Вимбдлон смета дека е исправно да не се дозволи на индивидуални тенисери да ја претставуваат Русија и Белорусија, потег што наиде на голема осуда од ВТА и АТП турнеите и од повеќе тенисери. Според Сајмон, оваа одлука ги прекршува гренд слем правилата и договорот кој го имат со ВТА турнејта.

„Ние немаме целосна јурисдикција над гренд слем турнирите. Во минатото кога се случувале вакви рааботи се доделувале казни и санкции. Мислам дека треба да реагираат и да се откажат од својата политика“, вели Сајмон.

АТП и ВТА ги суспендираа Русија и Белорусија од тимските натпреварувања (Дејвис куп, Фед куп), но дозволија тенисерите и тенисерките од овие земји да настапуваат како неутрални на сите турнири.

Scroll to Top