Top Sport

Ливерпул го доби Мерсисајд дербито и ги прати Евертон на чекор од втора лига

Ливерпул со судни маки успеа да го „скрши“ бункерот на Евертон за 2:0 победа во дербито на Мерсисајд за да ја продолжи „мртвата трка“ со Манчестер сити за титулата, и во исто време да го пратат лутиот градски ривал во несигурна борба за опстанок во Премиерлигата.

Тимот на Френк Лампард пристигна на „Енфилд“ со дефанзивна тактика, во обид да го стопираат моќниот Ливерпул, и стратегијата функционираше до 62. минута, кога по прекин Мо Салах му асистираше на Енди Робертсон, кој успеа да го совлада Џордан Пикфорд. Дивок Ориги, супер-замената на Јирген Клоп во 85. минута од мечот стави печат на важните три поени.

На пет кола пред крајот, Ливерпул се втори со 79 поени, само еден зад лидерот Манчестер сити во ситуација кога двата клуба не смеат да направат кикс, додека Евертон се наоѓа во позиција во која фановите реално стравуваат од испаѓање. „Карамелите“ се на 18. место на табелата (кое води во Чемпионшип) со 29 поени, два помалку од Барнли на 17. место, иако имаат натпревар помалку од нив.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top