Денвер Нагетс избегнаа елиминација од Голден стејт Вориорс, г намалија резултатот во серијата на 1:3. Њу Прлеанс Пеликанс успеаја да израмнат на 2:2 во серијата против најдобриот тим регуларниот дел од сезоната, Финикс Санс.
Нагетс во интересен меч славеа над Вориорс со 126:121. Мечот го реши тројката на Вил Бартон, постигната на седум секунди до крајот на натпреварот.
Денвер го предводеше Никола Јокиќ со 37 поени, 8 скока и 6 асистенции. За разлика од првите три натпревари, Србинот доби поддршка од соиграчите: Ерон Гордон постигна 21 поен, Монтеј Морис 25 (пет тројки од исто толку обиди во третата четвртина).
Кај Вориорс се истакнаа Клеј Томпсон со 32, Стеф Кари со 31 и Ендрју Вигинс со 20 поени.
Пеликанс забележа уверлива победа над Финикс 118:103. Блескаа најдобрите играчи на Пеликанс: Брендон Инграм (30 поени), Јонас Валанчунас (26 поени, 15 скока) и Си Џеј Мекалум (18 поени, 9 скока).
Финикс го предводеше Диандре Ејтон со 23 поени. Ветеранот Крис Пол постигна само четири поени.