Фудбалерите на Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе се сретнат во вторник на 26 април, во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. По поразот во ланското финале, Сити ќе се обиде да се искупи, но пред себе има голема пречка во форма, најтрофејниот тим во историјата на ова натпреварување.
Овие две екипи се сретнаа во полуфиналето во сезоната 2015/16. Во Манчестер немаше голови, а потоа автоголот на Фернандо на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ го однесе Реал во финалето.
Тимот на Пеп Гвардиола се реваншираше за тој пораз во сезоната 2019/20, со две победи од по 2:1 во осминафиналето.
И двете екипи во овој меч влегуваат по победите во домашните првенства. Сити беше убедлив на домашен терен против Ватфорд со 5:1, додека Реал славеше на гости кај Осасуна со 3:1.
Натпреварот се игра во вторник од 21.00 часот во Манчестер, додека реваншот е на 4. мај во Мадрид.