Според францускиот весник „Le Parisien“, аргентинскиот фудбалски стручњак Маурисио Покетино (50) по само една сезона ќе ја напушти клупата на ПСЖ. „Le Parisien“ наведува дека управата на клубот веќе донела одлука, прашање на време е кога отказот на тренерот ќе му биде официјално врачан.
Покетино во саботата ја потврди титулата во Франција со ПСЖ на четири кола пред крајот на првенството, но може ќе добие отказ норади неуспесите во преостанатите две натпреварувања, Лигата на шампионите и Купот на Франција. ПСЖ, тим преполн со ѕвезди, во овие натпреварувања беше елиминиран во осминафиналето. Аргентинецот треба да добие 15 милиони евра обесштетување за предвремениот раскин на договорот.
Прав желба на газдите од Катар за нов тренер е Зинедин Зидан, а се споменува и името на актуелниот тренер на Тотенхем Антонио Конте. Веројатни се и промени во раководството на клубот, покрај Покетино отказ би требало да добие и спортскиот директор Леонардо. На неговто место би требало да дојде Арсен Венгер, кој го водеше лондонски Арсенал од 1996 до 2018 година.