Top Sport

Арсенал покажува интерес за Ејбрахам

Англискиот напаѓач Тејми Ејбрахам игра одлична сезона во Серија А. Ејбрахам минатото лето пристигна во Рома од Челси, медиумите не ја исклучуваат можноста тој да се врати во Премиер лигата по завршувањето на првенството во Серија А.

Арсенал наводно биле сериозно заинтересиран за поранешниот напаѓач на Челзи. На „топџиите“ итно им е потребен центарфор, бидејќи моментално го имаат само Александер Лаказет, кој веројатно ќе го напушти клубот како слободен играч.

Наводно Арсенал биле подготвени да понудат 60 милиони евра за Ејбрахам. Како сега стојат работите, Рома би ја одбиле оваа понуда.

„Волчицата“ бара најмалку 80 милиони евра. За оваа сума Челзи има право да го врати напаѓачот на „Стенфорд Бриџ“.
Од друга страна медиумите во Италија тврдат дека Рома немаат голема желба да се разделат со човекот кој постигна 24 гола на 46 натпревари оваа сезона.

Scroll to Top