Top Sport

Заврши сезоната за Сержињо Дест

Сержињо Дест, десниот бек на Барселона, пред време ја заврши тековната сезона. Претходно, исто така поради повреда, сезоната ја заврши и Педри.

Барселона со официјално соопштение ја потврди повредата на Дест, а според прогнозите тој ќе паузира околу шест недели.

Добрата вест за тренерот Чави е што во тимот по пауза од три и пол месеци се врати Ансу Фати, а исто така тренерот ќе може да смета и на искусниот Серхи Роберто.

Барса, по поразите од Кадиз и Рајо Ваљекано на домашен терен, до крајот на сезоната ќе води жестока битка за место во Лигата на шампионите.

Scroll to Top