Top Sport

Владимир Кличко се враќа во рингот?

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Украинецот Владимир Кличко размислува да се врати во боксерскиот ринг. Два дена по објавата на британскиот светски шампион Тајсон Фјури дека става крај на спортската кариера, 46-годишниот Кличко во интервју за „Билд“ најави дека ќе се обиде да се врати.

„Зошто да не, ако сум во добра форма? Можеби ќе сонувам да го соборам рекордот на Џорџ Форман. Дефинитивно многу ме мотивира кога станувам секое утро и спортувам”, изјави Украинецот, кој пред неколку години изјави дека би било предизвик да се сруши рекордот на Форман и да стане најстариот боксер во историјата кој се борел за светска титула.

Форман имаше 45 години, девет месеци и 25 дена кога го победи 18-годишниот сонародник Мајкл Мурер и ја освои Светска титула на ВБФ и ИБФ.

Украинецот ја заврши боксерската кариера во 2017 година, а имаше 64 победи во 69 професионални мечеви.

На крајот причина за збогувањето беа поразите, тој беше поразен од Фјури и неговиот сонародник Ентони Џошуа.

Владимир моментално е во Киев, а неговиот постар брат Виталиј е градоначалник на Киев.

Scroll to Top