Top Sport

УЕФА истражува уште еден натпревар во Србија

УЕФА стави уште еден натпревар одигран во Суперлигата на Србија под етикетата „сомнителен“. „Спорт клуб“ објави дека е под лупа е натпреварот помеѓу Радник и Нови Пазар, одигран во рамките на 30.коло.

Натпреварот одигран на 11 април заврши со победа на домашната екипа со 2:0. Се помина, навидум, рутински, Радник победи со головите на Синиша Бабиќ во десеттата минута и Урош Миловановиќ, во 35. минута.

Сепак…

Не е се така едноставно. Специјализираните служби за мониторинг на обложување, директно поврзани со УЕФА, лоцираа неколку сомнителни појави и енормно големи уплати за победа на Радник. Затоа го алармирале Белград да реагира и да го истражи целиот случај.

Како што дознава „Спортклуб“ под сомнение се и некои играчи на гостинската екипа.

Кога станува збор за казните, тие се движат од финансиски до одземање бодови, додека на инволвираните фудбалери им се заканува подолга суспензија.

За потсетување, ова не е прв случај УЕФА да сигнализира одредени неправилности во српскиот фудбал. Така на Јагодина и на Борац им беа одземени бодови, додека, на пример, фудбалери на Тимок беа долго избркани од светот на фудбалот.

Scroll to Top