Црвена звезда го декласира МЗТ 112:73 (28:23, 30:23, 33:8, 21:9) во последниот натпревар од шестото коло во АБА лига. Регионалниот шампион на овој натпревар играше без Перо Антиќ, а одмор доби и Тејлор Рочести. Во редовите на МЗТ единствен кој се обидуваше да му се спротивстави на домашниот тим беше Бојан Трајковски кој постигна 30 поени.
Црвена звезда серијата од два порази во АБА лигата (Будуќност, Цедевита) ја прекина со триумфот над МЗТ Скопје. Македонскиот шампион го забележа четврито пораз во сезоната.
МЗТ во Белград, најмногу благодарение на Трајковски и во одредени моменти на Лалиќ во првото полувреме успеваше да му пружи некаков отпор на домаќинот.
Но центрите на МЗТ без помошта од надворешната линија, не можеше да го изнесе целиот натпревар.
Исклучитело агресиваната одбрана на „црвено-белите“ целосно дојде до израз во третиот период, во кој МЗТ како да не постоеше на теренот. Црвена звезда постигна 33, а прими само 8 поени и до крајот на мечот прашањето беше само колкав број на поени ќе постигне домашниот тим и со која разлика ќе го добие мечот.
Радичевиќ со 17 поени и 10 асистенции ја предводеше Црвена звезда, во чии редови уште шестмина постигнаа двоцифрен број на поени. Стартерите Фелдин и Лесор одиграа 14 односно 12 минути, а ефектот им беше 15 и 14 поени.
Трајковски беше најефикасен на мечот со 30 поени, 7 скока и 2 асистенции, а Лалиќ постигна 14 поени. Сите останати во тимот на МЗТ реализираа 29 поени.
МЗТ во наредното коло на 5 ноември ќе го пречека тимот на Мега Бемакс, а ден подоцна Црвена звезда ќе го игра дербито против Партизан.