Top Sport

Семејството Адеми и по 70 години со „Калимеро“

Едон Адеми, братот на македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, објаснува дека неговото семејство веќе 70 години ја води слаткарницата „Калимеро“ во Шибеник, и дека дури и фудбалерот не може да одолее на штрудлата со вишни, објавува хрватскиот портал „Шибенски портал“.

Прадедото на Аријан и Едон, се пресели во Шибеник од Македонија за време на Втората светска војна, и оттогаш сите шибенчани знаат дека најдобрите слатки се прават во слаткарницата „Калимеро“.

„Дедо Афет правеше најдобри баклави. Потоа купи куќа и деловен простор и малку, по малку го развиваше бизнисот. Преку сладоледите ги школуваше своите ќерки, а татко ми Таѓидин ја презеде работата по него и и денес го има главниот збор со мама Зедија. Сите уште живееме заедно. Баба, дедо, мама, тато, јас и брат ми Аријан.“, вели 28-годишниот Едон.

Тој ќе треба да го преземе семејниот бизнис, додека помладиот брат Аријан се врати на фудбалот преку загрепски Динамо и македонската репрезентација по двегодишната суспензија.

„Тој со топката е најсреќен и не го гледа својот живот тука. Сепак, кога ќе одам во Загреб, добивам нарачка на штрудла со вишни“, вели Едон.

Scroll to Top