Ромелу Лукаку,не успеа да го оправда рекордниот трансфер во Челси. Белгиецот не успеа да се вклопи во системот на Томас Тухел и не крие дека сака да се врати во Интер.
Италијанските медиуми повторно шпекулираат на оваа тема. Според овие извори Интер можеле да му понудат годишна плата од 6.500.000 евра плата, што е речиси двојно помалку од она што го заработува во Челси (14.000.000 евра по сезона).
Исто така, Италијанците објавија дека Лукаку веќе разговарал со некои челници и играчи на Интер и јасно им ставил до знаење дека сака да се врати во тимот со кој минатата година ја освои титулата во Италија.
Лукаку оваа сезона за Челзи одигра 39 натпревари и постигна 12 гола, а неверојатен факт е дека се уште е без гол во Премиер лигата во 2022 година.