Top Sport

Серхи Роберто го продолжи договорот со Барселона

Еден од капитените на Барселона, искусниот Серхи Роберто, ќе продолжи договорот. Роберто, за значително помала плата се согласил да го продолжи договорот на уште една година.

Ова претставува пресврт во преговорите помеѓу клубот и фудбалерот, бидејќи шпанските медиуми веќе извесно време пишуваа дека Роберто на крајот од сезоната ќе го напушти „Ноу Камп“.

„Неговата желба да остане надвладеа“, пишува „Марка“.

Се додава дека играчот решил да остане бидејќи верува во тренерската филозофија на Чави.

„Свесен е дека нема да има место во ударниот тим, но подготвен е на тренинзите да се бори за место во тимот“, тврди „Марка“.

Серхи Роберто има одиграно 316 натпревари за Барселона откако влезе во првиот тим во 2010 година. Освоил шест титули во Ла Лига, две титули во Лигата на шампионите и шест трофеи во Купот на Кралот. Сезонава има одиграно одигра само 12 натпревари бидејќи често отсуствуваше поради бројните повреди.

Scroll to Top