Top Sport

Анчелоти пред дуелот со Сити: Најважно е да бидеме перфектни во одбраната

Реал Мадрид цели кон своето прво финале во Лигата на шампионите по 2018 година, а ќе мора да се справи со англискиот првак Манчестер Сити, кој според аналитичарите е фаворит број 1 за освојување на турнирот. Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, ги истакна силните страни на противникот, но и потенцира дека неговиот тим знае како да им парира на „граѓаните“.

„Против Манчестер Сити мораме да одиграме максимално компактно, во спротивно ќе страдаме многу. Нашиот настап во дефанзивниот дел ќе биде клучен за исходот на натпреварот. Ќе има периоди во кои противникот ќе владее со топката. Многу е едноставно – не можеме да издржиме ако гледаме како поминуваат крај нас. Мораме да се одбраниме и да им ја одземеме топката“, изјави Карло Анчелоти.

Натпреварот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид е закажан за вечерва, со почеток во 21 часот на „Етихад“.

Scroll to Top