Top Sport

На Интер им пречи „плачењето“ на Милан за судиските одлуки

Според „Ла газета дело спорт“, на Интер им пречат постојаните жалења на судењето во Серија А кои доаѓаат од страна на градскиот ривал и прв конкурент за титулата, Милан и затоа сакаат да имаат поинаков пристап кон медиумите.

Минатата недела на „Дерби дела мадонина“ имаше контроверзи кога Милан се жалеа на поништениот гол во второто полувреме поради офсајд, што беше една во низата на критики на „росонерите“ кон судиите во Италија.

Интер, пак, им наредиле на своите вработени да имаат поинаков пристап – директорот Бепе Марота никогаш официјално не се пожалил на судењето, додека Симоне Инзаги минатата недела на прес-конференција ги бранеше одлуките на судиите.

Милан има два поени предност пред Интер на врвот на Серија А, но „нераѕурите“ можат да се искачат на првото место ако во среда победат во одложениот меч со Болоња.

Scroll to Top