Кошаркарот на Црвена звезда, Никола Калиниќ е прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната во АБА лигата.
Калиниќ наградата ја освои пред Јака Блажиќ од Олимпија и Џастин Кобс од Будуќност. Играчот на Црвена звезда освои 39,7 отсто од гласовите на тренерите, новинарите и навивачите. Блажиќ и Кобс заедно имаа помалку гласови од Калиниќ.
Регуларниот дел од сезоната Калиниќ го заврши со просек од 11,3 поени, 3,4 скока и 3,3 асистенции по натпревар.
Претходно Калиниќ, заедно со Блажиќ, Кевин Пантер, Зек Лидеј и Кенан Камењаш беше избран и во иделаниот тим на сезоната.