Паоло Дибала ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната. Се уште не се знае во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, а во тој контекст се споменуваат Арсенал, Њукасл, Атлетико, Рома. Според „Газета дело Спорт“ во оваа приказна се вклучил и Интер.
Актуелниот италијански шампион подготвува понуда за Аргентинецот, според која, доколку прифати, ќе заработува шест милиони евра по сезона. Тоа е за милион помалку од неговата плата во Јувентус, но исто така е сума која е еднаква со платите на најдобрите играчи во Интер: Николо Барела, Лаутаро Мартинез и Марсело Брозовиќ.
За да може Интер да ја проследи оваа понуда до Дибала, ќе треба да обезбеди пари во буџетот. Тоа треба да се направи со заминувањето на Артур Видал и Алексис Санчез.