Публицистот на Антонио Конте за „Ла газета дело спорт“ ги демантираше вестите дека актуелниот менаџер на Тотенхем се понудил на Пари Сен-Жермен со целосен план и со низа бизарни побарувања од клубот, велејќи дека се работи за „фејк њуз“.
Француските медиуми, во прв план весникот „Ле паризиен“ тврдеше дека Конте самиот се понудил на газдите на францускиот шампион како потенцијална замена за Маурисио Почетино, барајќи двегодишен договор и плата од 30 милиони евра по сезона, далеку повеќе од 17-те милиони кои ги добива во Премиерлигата.
Покрај тоа, се тврдеше дека тој имал план за „градење“ на тимот со неговите поранешни играчи од Интер, Ромелу Лукаку и Николо Барела, плус да се донесе поранешниот спортски директор на Рома, Џанлука Петраки како лидер на стратегијата за трансфери.
„Немало контакт со ниту еден клуб. Се работи за фејк њуз кои немаат врска со реалноста“, вели публицистот на Конте за италијанскиот весник.
L'entourage di Conte e le richieste al PSG: "Assurde fake news prive di ogni fondamento" https://t.co/LWqpxN0B1v
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) April 27, 2022