Top Sport

Удинезе победи во Фиренца првпат по 14 години, Фиорентина чекор подалеку од Европа

Удинезе стигна до шокантна 0:4 победа на гости кај Фиорентина, за да ги оддалечи Виола од пласман во европските натпреварувања по двата порази од понископласирани противници. Ова е прва победа на Удинезе на гости во Фиренца од 2008 година, прекинувајќи ја серијата на Фиорентина од 14 победи во низа.

Пабло Мари уште во 11. минута го замолче „Артемио Франки“, за во 36. минута, Жерард Деулофеу да ја удвои предноста на за гостите, a Валас во 91. минута и Удоџи во 95. минута да ја потврдат големата победа. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски доби шанси да влезе во игра во последните минути од мечот.

Фиорентина останува на седмото место на табелата со 56 поени, колку што имаат и Лацио пред нив и само два зад Рома на петтото место, две позиции кои водат во Лига Европа. Удинезе се на 11. место со 33 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top