Ливерпул во второто полувреме успеа да го „скрши“ жилавиот отпор на Вилјареал, за да стигне до 2:0 победа во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, за да патува на реваншот на „Керамика“ како голем фаворит за ново европско финале.
Во првото полувреме, тимот на Унаи Емери дојде со јасна тактика на дефанзивна игра на „Енфилд“ дозволувајќи домашниот тим да ја контролира играта, и во првото полувреме беа успешни ги спречат сите напади, со две одлични обрани на Херардо Рулји и со стативата по одличниот обид на Тијаго Алкантара.
Меѓутоа, само што почна второто полувреме, во 52. минута, обидот за нафрлање на Џордан Хендерсон заврши во ногата на дефанзивецот Первис Еспупињан за да го излаже голманот и „црвените“ да дојдат до водство. Само две минути подоцна, Мохамед Салах одлично го пронајде Садио Мане за удвојување на водството.
Во второто полуфинале од ЛШ, кое се одигра вчера, Манчестер сити и Реал Мадрид во возбудливо гол-шоу одиграаа 4:3 за англискиот клуб.