Ливерпул славеше во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите со 2:0 против Виљареал. „Црвените“ доминираа во текот на целиот натпревар, имаа 20 удари, 10 корнери и 71 отсто посед на топка, а Виљареал го заврши натпреварот со само еден удар, кој заврши високо над голот.
„Виљареал играа ужасно“, изјави Џејсон Канди, поранешен фудбалер и радио коментатор за британскиот „talkSPORT“.
„Ова е шокантно! Срам за Лигата на шампионите. Луѓето од УЕФА сигурно мислеа дека се во голема неволја додека го гледаа овој натпревар“, додаде поранешниот фудбалер на Челзи и Тотенхем.
„Ливерпул можеше слободно да стави еден навивач во стоперската двојка со Вирџил ван Дајк, Виљареал беше толку лош што ништо поинаку немаше да биде. Не ми е јасно како успеаја да стигнат до тука. Патетични настап. Овој тим не е доволно добар ниту за Европа. Нивниот голман, што е тоа?! Човекот не фати ниту една топка… Не се сеќавам дека некогаш сум видел полош голмански учинок во оваа фаза од натпреварувањето“.