Роналд Куман доби отказ во Барселона на крајот на октомври минатата година, а на неговото место дојде клупската легенда Чави Ернандез.
Каталонскиот великан успеа да постигне неколку одлични резултати под водство на младиот стручњак, но во последно време тимот игра многу слабо и бележи порази, особено на домашен терен.
Се чини дека Роналд Куман ужива во тоа што тимот игра слабо и тврди дека работите не се смениле во клубот од времето кога тој бил таму.
„Немав поддршка од претседателот на клубот. Се надевам дека Чави ја има бидејќи е клупска легенда“, ја започна приказната Куман и продолжи:
„Ситуацијата во клубот е иста како кога бев таму. Менувањето на тренерот не е секогаш најдоброто решение. Не зборував премногу од почит кон клубот, но кога заминав Реал имаа осум бода предност, сега предноста дупло поголема. Ме критикуваа кога го донесов Лук де Јонг, а тој донесе пет-шест бода во последните минути од натпреварот“, истакна Куман.
„Можам да напишам книга за се што се случуваше. Ковид, заминување на претседателот…останавме без Меси и Гризман.“
Роналд Куман ја предводеше Барселона на 67 натпревари за нешто повеќе од една година. Оствари 39 победи, 12 пати заврши без победник и претрпе 16 порази.