Top Sport

Седлоска: Европското првенство ќе биде огромен мотив за нас

Женската ракометна репрезентација на Македонија доби силни ривали во групата на Европското првенство 2022. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во групата која ќе се одржи во Скопје ќе играат против Франција, Холандија и против Романија.

Македонската репрезентативка Андреа Седлоска, која беше дел од ждребот, најави дека ќе бидеме добри домаќини и очекува да забележиме добри резултати.

„Ова ЕП е голема работа за нас. Тоа ќе биде прв голем турнир за Македонија по 2008 година, а тоа првенство за нас имаше големо влијание. Се надевам дека ќе дојдеме до големи достигнувања, дека ќе оствариме големи работи на ова ЕП“, изјави Седлоска.

Македонија во првото коло ќе игра против Франција на 5 ноември, во второто коло противник ќе ни биде Холандија на 7 ноември, додека на 9 ноември ќе играме против Романија.

 

Scroll to Top