Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник е новиот селектор на фудбалска репрезентација на Австрија.
Германецот ќе го тренира Манчестер јунајтед до крајот на сезоната, а потоа ќе остане во клубот како советник, а паралелно ќе работи и како селектор.
На клупата на Манчестер јунајтед ќе го замени Ерик тен Хаг.
Рангник прв во кариерата ќе работи како селектор, дебито ќе го има на 3.јуни против Хрватска, во Лигата на нации.
Рангник, претходно водеше голем број германски клубови, како Штутгарт, Хановер и Шалке, Хофенхајм. Потоа го презеде Ред Бул Лајпциг и се пресели на позицијата спортски директор и во Лајпциг и во Салцбург, каде што постигна забележителни успеси.
Serwas Ralf #Rangnick! ???
Serwas beim ÖFB! ???#GemeinsamÖsterreich #NewBoss #DasNationalteam
__________
ℹ️ Alle Infos: https://t.co/rBvZhoD9a1 pic.twitter.com/RP5B2QP7Og— ÖFB – oefb.at (@oefb1904) April 29, 2022