Кошаркарскиот клуб Барселона за наредната сезона ќе се засили со уште еден играч со НБА искуство. Во актуелниот состав Барса има тројца поранешни НБА играчи: Никола Миротиќ, Алекс Абринес и Данте Ексум.
Според медиумите Барселона ќе го врати во клубот Чехот, Томаш Сторански.
Саторански се афирмираше токму во Барсеона, за која настапуваше од 2014 до 2016 година, а потоа замина во НБА.
Тој играше за Вашингтон, Чикаго, Њу Орлеанс и Сан Антонио, на почетокот на оваа сезона се врати во Вашингтон.