Многу бизарни повреди се случиле откако се игра фудбалот. Една од најбизарните повреди му се случи на фудбалерот на Хартлпул, Марк Шелтон.
Од Сантијаго Канизарес, кој го пропушти Светското првенство во 2002 година, откако случајно искрши шише со лосион што му го пресече стапалото, до шкотскиот голман Сем Хендерсон, кој го повреди рамото по судир со крава, фудбалерите можат да се повредат и во најневообичаени околности.
На таа листа може да се додаде и Марк Шелтон, играч на членот на англиската четврта лига Хартлпул јунајтед.
25-годишниот играч за врска нема да може да конкурира за мечот против Сканторп в сабота поради неверојатен проблем. Се повредил со чепкалка за уши.
„Отиде во болница, имал вртоглавици и не може да стане. Ќе мора внимателно да му ја извадат памучната волна“, изјави менаџерот на Хартпул за Би-Би-Си.