Top Sport

Анчелоти сака да го врати Де Томас во Реал

Реал Мадрид има намера да го врати Раул Де Тома на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанскиот репрезентативец би дошол на местата на Маријано Дијаз и Лука Јовиќ. Овие двајца ќе го напуштат клубот во летниот преоден рок.

Напаѓачот на Еспањол игра одлично, сезонава постигна 15 гола, тој минал низ сите помлади категории на Реал Мадрид.

Играше на бројни позајмици, одигра извонредно за рајо Ваљекано, во сезоната 2018/19 и тогаш Реал го продаде во Бенфика за 20 милиони евра.

По една сезона во португалскиот клуб, Еспањол реши да го купи за 15 милиони.

Од доаѓањето во Еспањол постигна 43 гола на 85 натпревари, па го привлече вниманието кон големите клубови.

Реал Мадрид би можел да го врати по три години, и Де Томас да биде алтернатива за Карим Бензема.

Ерлинг Халанд е тешка мета, желба број еден е Килијан Мбапе, но тој нема да му биде конкуренција на Бензема, бидејќи игра како лево крило.

Раул Де Томас не е евтин, Еспањол бара помеѓу 30 и 40 милиони евра за него.

Scroll to Top