Филип Матиќ одигра лоб пас преку одбраната, а неговиот врсник, 11-годишниот Кристијано Роналдо јуниор убаво ја прими топката и потоа ја заби во голот.
Станува збор за синовите на Немања Матиќ и Кристијано Роналдо, кои одлично ја ископираа акцијата на нивните татковци од натпреварот против Челзи (1:1) кој се одигра во средата..
Видеото веднаш стана вирално на интернет, со голем број позитивни коментари од обожавателите.
Матиќ и Роналдо јуниор играат заедно во Академијата на Манчестер јунајтед, каде што имаат и училишна настава. Со нив во одделението оди и Каи Руни, синот на легендарниот Вејн Руни. Интересен одделение нема ништо.
Cristiano Ronaldo’s son and Nemanja Matic’s son recreating their father’s goal and assist against Chelsea. #MUFC pic.twitter.com/apVKC6hNmS
— MUFC Scoop (@MUFCScoop) April 29, 2022