Пензионираниот француски фудбалер Михаел Зиани, кој играше со Златан Ибрахимовиќ во ЛА Галакси, во интервју за „RMC Sport“, открил дека шведскиот фудбалер не поднесувал неколку фудбалери кои му биле соиграчи низ кариерата.
Златан, најмногу го мразел Уругваецот Единсон Кавани, кој му беше соиграч во ПСЖ.
„Не му се допаѓаа оние кои беа пријатели со Кавани. Или си со Ибра или си против него“, рекол 38-годишниот Зиани.
Не поднесуваше тројца или четворица играчи во кариерата, еден од нив е Кавани.
Ибрахимовиќ и Кавани поминаа три сезони заедно во ПСЖ и ги освоија речиси сите домашни трофеи, двајцата постигнаа повеќе од 100 гола за клубот. Интересно двајцата од ПСЖ се преселија во Манчестер јунајтед,.
Ибрахимовиќ играше на „Олд Трафорд“ од 2015 до 2018 година, а Кавани од 2020 година до денес.