Фудбалерите на Манчестер сити го победија Лидс јунајтед со 4:0 на „Елан роуд“ и се вратија на првото место во Премиер лигата. Манчестер сити на четири кола до крајот на сезоната имаат бод повеќе од Ливерпул. Лидс јунјатед до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок.
Манчестер сити без многу ризик влегоа во натпреварот со Лидс. Го диктираа ритамот но без вистински притисок кон голот на Лидс. Сепак, успеаја први да постигнат гол, Родри со глава погоди во 13.минута.
Во финишот на првиот дел се повреди играчот на Лидс, Далас. Впечаток е дека му претстои подолга пауза.
Вторито гол „граѓаните“ повторно го постигнаа од прекин. Најснаодлив пред голот на Лидс во 58.минута беше Аке.
Во финишот, лидерот само го зголеми триумфот со головите на Габриел Жесус и Фернандињо.