Top Sport

„Марка“: Одвратен гест на Бејл на денот кога Реал ја слави титулата

Реал Мадрид на четири кола пред крајот на Ла Лига ја освои 35. титула во Шпанија. Титулата беше освоена по победата од 4:0 против Еспањол во Мадрид, а по натпреварот започна и прославата на титулата.

„Марка“ пишува дека на стадионот не бил Герет Бејл, кој поради болки во грбот го прескокна овој натпревар. Велшанецот воопшто не се појавил стадионот и не беше дел од забавата на „Сантијаго Бернабеу“ со своите соиграчи.

„Немаше трага од играчот на стадионот. Одвратен гест на денот кога славеа играчите и навивачите. Ситуацијата на Бејл е спротивна од онаа на Еден Азар, кој пристигна на стадионот со целото семејство. Иако играше многу малку, Азар, ги донесе своите деца на Бернабеу да уживаат во забавата. Истото го направија и суспендираните играчи Јовиќ, Начо и Милитао. Сите беа обединети освен Бејл, кој останува на маргините“.

На крајот од сезоната на Бајл му истекува договорот со Реал Мадрид.

Scroll to Top