Top Sport

Гвардиола на кормилото на Сити до 2026 година?

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола ќе остане на „Етихад“ и во наредните четири години. Раководството на Манчестер Сити му подготвува нов договор според кој би останал на кормилото на „граѓаните“ до 2026 година.

Иако Фудбалската конфедерација на Бразил вложува напори да го доведе Пеп Гвардиола за нов селектор, сепак само неколку часа по победата против Лидс Јунајтед (0:4), медиумите во Британија објавија дека Гвардиола ќе остане во Манчестер Сити.

Договорот на Гвардиола истекува во јуни 2023 година, но британски извори наведуваат дека тој им дал збор на сопственици дека ќе ја продолжи работата. Тој не сака во моментов да ја наруши концентрацијата на тимот во трката за титулата во Премиерлигата и во Лигата на шампионите, со преговори за негов нов договор.

Британските медиуми тврдат дека Пеп Гвардиола одлучил да остане уште три години, без разлика на конечниот епилог во трката за трофеите оваа сезона.

Scroll to Top