Албанскиот фудбалски клуб Скендербег наредниот натпревар во Лига Европа ќе го игра пред празни трибини на стадионот во Елбасан.
УЕФА го казни Скендербег поради недоличното однесување на навивачите на дуелот со белградски Партизан одигран пред две недели.
Покрај тоа УЕФА го казни Скендербег и парично со 60.000 евра.
Скендербег е казнетпоради недолично скандирање, палење на пиротехника и расистичко однесување на навивачите.
Двата тима својот реванш ќе го одиграат в четврток од 19 часот во Белград.