Top Sport

Само во Кина: Сопственикот секој играч го наградил со три милиони долари за пласман во Втората лига

Сопственикот на кинескиот третолигаш Меиџиан Течанд пребогато ги наградил играчите за историскиот клупски успех, пласман во Втората кинеска лига.

Меиџиан во плејофот обезбеди пласман во повисок ранг, а овој успех неименуван локален милијардер секој играч посебно го наградил со три милиони долари.

Играчите меѓу кои нема ниту еден странец со парите се пофалиле на социјалните мрежи.

Овој клуб е основан пред 14 години, а на почетокот се натпреварувал во лигата на Хонг Конг. Потоа клубот е преселен во градот Меизху во јужниот дел на земјата и своите натпревари ги игра на стадионот чии капацитет е 21.000 седишта.

Наредната година Меиџан ќе се бори за пласман во елитната кинеска дивизија и кој знае со колку пари ќе ги награди сопственикот доколку изборат пласман во Суперлигата на Кина.

Scroll to Top