Поранешниот Ф1 возач, Австриецот Герхард Бергер смета дека младиот Џорџ Расел многу бргу ќе почне да му оди на нерви на својот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон.
Мерцедес имаат кошмарен старт на 2022, откако „сребрената стрела“ не може да се замеша во борбата за победи со Ферари и Ред бул, и во првите четири трки имаат само два подиуми, со по едно трето место за Расел и Хамилтон. На последната трка во Имола, Расел беше на четвртото место, додека седумкратниот шампион Хамилтон заврши на 13.место и Бергер вели дека оваа ситуација ќе ги влоши засега срдечните односи меѓу колегите.
„Тој многу бргу ќе почне да му оди на нерви на Луис. Расел беше еден од најдобрите возачи во Имола, заедно со Лендо Норис и Макс Ферстапен. Трката не беше добра за Луис“, вели Бергер.
Поранешниот колега на Аиртон Сена, исто така го пофали Рос Брон, шефот на Ф1 за одлуката да се сменат правилата оваа година.
„Капаа долу за Рос, кој беше задолжен за овие регулативи. Болидите изгледаат подобро, возачите можат да претекнуваат, сите трки досега беа возбудливи. Единственото лошо е тоа што се работи за тешки болиди, како мали камиони. Сега лимитот е 800 килограми, што е премногу – кога се тркавме ние болидите беа 550 кила!“, додава Бергер.