Top Sport

На Мурињо сите му се виновни, задолжителна „отровна стрела“ кон Лацио

Жозе Мурињо не ги штедеше критиките по 0:0 ремито на Рома со Болоња, резултат кој осигура Јувентус и Наполи да се пласираат во Лигата на шампиони, велејќи дека судијата „дозволил“ тимот кој не сакал да победи да го оствари тоа.

Неговиот помошник Нуно Сантош доби црвен кааартон поради расправии со судиите, додека Мурињо реши да стартува со шест промени на стартните 11 подготвувајќи се за реваншот од полуфиналето на Конференциската лига со Лестер.

„Немаше многу квалитет. Тимот кој сакаше да победи не направи доволно, тимот кој не сакаше да победи го направи тоа што го планираше, а судијата им го дозволи тоа. Резултатот е натпревар без квалитет. Се обидовме да победиме, имавме шанси, но мечот не беше добаар и мора да ја преземеме одговорноста. Се обидов да внесам квалитет во тимот, но четирите фудбалери кои влегоа не направија доволно. Теми Абрахам и Залевски играа лошо, додека Карсдорп и Пелегрини беа солидни“, изјави Мурињо по мечот.

Тој реши да влезе во напад и на градскиот ривал Лацио, тврдејќи дека по 22 години „уште победувате со гол од офсајд“. Рома и Лацио сег се израмнети по бројот на поени, откако Лацио во саботата со 4:3 ја победи Специја, со голот во финишот на Франческо Ачерби.

„Приказната не се менува. Тренер сум веќе 22 години и ништо не се менува. Можете да победите со гол од офсајд. Вчера така победи еден тим“, додаде Мурињо.

Scroll to Top