Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) ќе поведе дисциплинска постапка против напаѓачот на Евертон, Ришарлисон по неговиот победнички гол против Челси во неделата.
На „карамелите“ очајно им беа потребни три поени на „Гудисон парк“ во борба за опстанок, откако Барнли со две победи во низа избега пет поени од нив, а Ришарлисон беше најдобар кога беше најпотребно, носејќи 1:0 предност на стартот на второто полувреме.
По ова, фановите на Евертон фрлија неколку факли на теренот, а бразилскиот напаѓач крена еден од нив и го фрли кон трибините.
Во 2009 година, Дидие Дрогба доби повик од полицијата во Лондон за разговор, откако фрли паричка назад на трибините на мечот со Барнли додека прославуваше гол.
The press. The finish. ?@richarlison97 ?#EVECHE pic.twitter.com/H20ueCW3HQ
— Everton (@Everton) May 1, 2022
Unreal @richarlison97 throwing the flare there hahahaha pic.twitter.com/CZEEoS4w4F
— Michael (@MichaelSwan98) May 1, 2022