Јирген Клоп смета дека неговиот Ливерпул мора да биде „подготвен да страда“ против Вилјареал за да запечати место во финалето на Лигата на шампионите.
„Црвените“ имаат 2:0 предност од првиот меч на домашен терен и се фаворити да влезат во трето финале на ЛШ во послените пет години, но германскиот менаџер ги предупредува неговите играчи дека ќе биде многу тешко на „Керамика“.
„Поради ситуацијата до која стигнавме, јасно е дека некои работи ги направивме исправно. Но, во нашата работа, работите се совршени само до почетокот на следниот натпревар, бидејќи веднаш може да се дојде до поинаква динамика. Во вторник ќе мораме да бидеме подготвени да страдаме, и да го водиме мечот во вистинска насока. Ако дозволиме ран гол, публиката ќе се крене и секој предизвик станува потежок. Да бидеме поготвени да играме најдобар меч во историјата, но да знаеме дека тоа може да не се случи. Да страдаш не значи само долго да страдаш, туку да страдаш и да реагираш“, вели Клоп.