Јапонскиот производител „Сузуки“ од следната сезона нема да се натпреварува во Мото ГП шампионатот. Повлекувањето на „Сузуки“ од најсилната класа доаѓа седум години по враќањето во неа, а две по освојувањето на титулата со Џоан Мир. Шпанецот ја врати титулата на јапонскиот тим по 20 години, кога на тронот беше Кени Робертс јуниор.
Покрај Робертс јуниор и Мир, титули на „Сузуки“ му донесоа и Бери Шин, Франко Унчини и Кевин Шванц. Овој тим претходно поради финансиски проблеми се повлече од Мото ГП шампионатот во 2011 година.
Претходниот пат кога се повлекоа „Сузуки“ и тоа и се случи во 2015 година кога возачи на јапонскиот тим беа Алеиш Еспаргаро и Маверик Вињалес. Помладиот од двајцата Шпанци го врати Сузуки на највисокото скалило на подиумот следната сезона, на Големата награда на Британија, по девет години пост.
Вињалес и Еспаргаро потоа ги наследија Андреа Јаноне и Алекс Ринс, кој се уште вози во „Сузуки“, додека пред три години наместо Италијанецот пристигна Мир.
Шампионот во кралската класа од 2020 година оттогаш постигна една победа и вкупно 13 пати се најде на подиумот, додека Ринс имаше три победи во нешто повеќе од четири сезони, со уште 12 подиуми. Според бројни медиуми, челниците на Сузуки одлуката за повлекување им ја соопштиле на сите членови на тимот во понеделникот веднаш ја известиле и Дорна.
Шокантната одлука сега ја доведува во прашање иднината на Мир и Ринс. Некои медиуми пренесуваат дека помладиот од двајцата Шпанци и дефинитивно ќе се пресели во Репсол Хонда на местото на Пол Еспаргаро.
Шампионатот во Мото ГП продолжува на 15 мај со Големата награда на Франција во Ле Ман