Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во ексклузивно интервју за „Прајм видео“ изјави дека планира да се пензионира по ангажманот во тој клуб.
„По Реал Мадрид, најверојатно ќе престанам да работам како тренер. Но, не знам колку ова ќе трае, ако Реал планира да ме задржи уште 10 години, тогаш јас ќе бидам тренер толку долго“, изјави Анџелоти на почетокот на разговорот.
Италијанскиот стручњак стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој освоил титули во првите пет европски лиги: во Серија А со Милан, во Премиер лигата со Челзи, во Лига 1 со Пари Сен Жермен, во Бендес лигата со Баерн и во Ла Лига со Реал Мадрид.
„Како ја гледам мојата иднина? Би сакал да бидам со моите внуци и да одам на подолг одмор со сопругата, има толку многу работи што сакам да ги правам, а во моментов немам време. Никогаш не сум бил во Австралија или Рио де Жанеиро. Сега не ја посетувам сестра ми колку што сакам. За жал, не можете да постигнете сè одеднаш… но кога веќе не сум тренер, тоа се работите на кои сакам да се посветам“, рече Анџелоти.