Top Sport

Барселона ја доби „мајсторката“ и патува на Ф4 турнирот од Евролигата

Барселона е третиот патник на завршниот Ф4 турнир во кошаркарската Евролига, придружувајќи им се на Реал Мадрид и на Анадолу Ефес, откако вечерва ја доби „мајсторката“ со Баерн Минхен со 81:72. Каталонскиот тим славеше со 3:2 во победи во четвртфиналната серија.

Николас Лапровитола со 26 поени и Никола Миротиќ со 20 поени беа предводници во тимот на Барселона.

Кај Баерн Минхен, Хантер постигна 18 поени, а Јарамаз еден поен помалку.

Последниот патник на Ф4 ќе го даде „мајсторката“ меѓу Олимпијакос и Монако.

Scroll to Top