Top Sport

Англичаните во финалето на ЛШ: Вилјареал го предизвика, а Ливерпул брутално одговори

Англискиот тим Ливерпул е првиот финалист во Лигата на шампионите откако славеше и на реваншот против Вилјареал со 2:3. Неверојатен меч беше одигран на „Естадио де ла керамика“ вечерва.

Вилјареал воодушеви во првото полувреме и поведе со 2:0, анулирајќи ја негативата од првиот меч на „Енфилд“ со головите на Диа во третата минута и на Френсис Кокелан во 41.минута.

Но, во вториот дел Ливерпул ја покажа силата. Фабињо во 62.минута намали, а Луис Дијаз, кој влезе на почетокот на второто полувреме и го промени текот на мечот, само пет минути подоцна успеа да израмни.

Садио Мане во 74.минута ја искористи својата брзина и направи комплетен пресврт за триумф од 2:3 на Ливерпул и на реваншот во Шпанија. Вилјареал го заврши натпреварот со десетмина поради исклучувањето на Капуе во 86.минута.

Scroll to Top